
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-8 Д.Капија, Струмица, -5 Битола, Берово, -4 Кр.Паланка, Виница,Гевгелија, -3 Прилеп, Лазарополе, Куманово, -2 Скопје-Петровец, Скопје Зајчев Рид, Дебар, Дојран, -1 Претор, Крушево,Маврово, 0 Тетово, 1 Охрид.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Сончево и студено, во северозападните делови со умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер, особено на повисоките места и планините.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 6 до 11 степени.
Скопје Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Викендов и почетокот на работната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.