Временска прогноза за сабота

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, меѓутоа ќе се задржи стабилно со умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде без значителни промени.