Њујорк, познат по Тајмс Сквер, Централ Парк и големи облакодери, не  секогаш изгледал како денес, пишува Business Insider.

Пред речиси 20 500 години, за време на ледено доба, километарски слој мраз ја имал  покриена земјата на градот. Денес петте соседството на Њујорк, каде што живеат 8,5 милиони луѓе, се сменија многу.

Видете  ги записите во цртежи и историските слики кои не носат   на историско патување во Големото јаболко .


Историјата на Њујорк започнува пред 20.500 години, кога земјата му е покриена со километарски ледена обвивка.


Во Централ Парк сеуште можат да се видат камените блокови, останати од поранешните глечери


Во предколониалната ера индијанското племе делавари ја  населува областа која крстиле Ленапехокинг.Тие ги користеле обилните водни извори за риболов и трговија.


Во 1624 година Холанѓаните одлучиле да ја колонизираат областа трајно. Година подоцна почнале градежни активности во денешниот Менхетен, кој тогаш бил наречен Нов Амстердам.


Холанѓанецот Питер Минјуи  ја купил земјата од делаварите за 60 гилдери што изнесува 1000 долари денешни пари


За да привлекуваат доселеници, Холанѓаните започнале систем за наградување во 1628 година За секој 50 доселеници кои богатите Холанѓани привлекувале на островот , тие добивале земја, политичка автономија и право да учествуваат во трговијата со кожи. Програмата не постигнала особен успех.


Оваа резба од Јужен Менхетен е од 1651 година, кога сеуште се нарекува Нов Амстердам.


Градот е прекрстам на Њујорк во 1664 година во чест на Војводата од Јорк

Многу истрели се дадени за време на Битката кај Бруклин во 1776 година, најголемата за време на Американската револуција. Британските сили навлегуваат во Бруклин и Лонг ајланд, надевајќи се да ги завладеат Њујорк и реката Хадсон од армијата на Џорџ Вашингтон. Британците победуваат, но се повлекуваат по завршувањето на војната.


Во 1785 година Њујорк стана првата престолнина според Уставот на САД. До 1790 година Њујорк ја надминува Филаделфија како најголем американски град.


Сликата од 1900 година покажува како италијански имигранти купуваат на улицата “Млбри” во Lower East Side.


За да ги поддржи сите овие луѓе, градот ја подобрува инфраструктурата . Манхатнскиот мост на кој над 70.300 њујорчани патуваат секој ден, е отворен во 1909 година


Емпајр Стејт билдинг е изградена во 1931 година


Повеќе од еден век подоцна близу 8,5 милиони луѓе живеат во петте соседства на Њујорк.