Католичките верници денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик

од Vladimir Zorba
616 прегледи
Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.
Во христијанството се верува дека Христовото раѓање донело светлост на вистината за човековиот род и дека со тој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓање на спасителот. Вечерва во католичката црква „Пресвето срце Исусово”  се подготвува света празнична литургија.
Звукот на единствените оргули во Македонија, вечерва ќе ги повика сите Католици на бадниковата церемонија во скопската католичка црква. Оргулите кои комбинираат звуци од повеќе инструменти, на симболичен начин го прикажува значењето на божиќните празници – ги спојува различностите и зближува различни култури и религии во едно.
Целиот текст можете да го прочитате тука