Во системот Мој термин се евидентирани повеќе од 7.800 заболени од грип од почетокот на месец декември до денес, информираа од Комисијата за заразни болести. 
По одржаната седница , дадоа пакет на препораки. Во попладневните часови во петок и во сабота да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки низ државата, а во училиштата да се изврши дезинфекција за време на распустот.
Комисијата препорачува и редовна дезинфекција (еднаш на секои 2 недели) во периодот на сезона на грип. Треба да се избегнува и престој во поголеми собири.