Во Германија признаа: ЕУ е во длабока криза

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Заедницата нема стратегија за развој, земјите-членки сакаат да се спасуваат сами

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер призна дека Европската унија денес нема стратегија за развој и се наоѓа во длабока криза. “Таму каде невработеноста меѓу младите е над 50%, природно, нема ентузијазам за Европа”, изјави Штајнмаер пред Saarbrücker Zeitung.
На Европа и претстои да најде во себе сили, за да се врати, при што таа треба да го направи тоа брзо, повика политичарот. Засега, според него, ЕУ едноставно нема стратегија за развој.

Неопходно е да се создаде идна стратегија спрема мигрантите и бегалците, да се решаваат прашањата на внатрешната и надворешната безбедност, да се развива пазарот на трудот и економијата, ги истакна  Штајнмаер најсериозните проблеми пред европската заедница.

Германскиот министер за надворешни работи одделно изрази загриженост од позициите на земјите-членки, кои повеќе не се надеваат на подобрување на ситуацијата со помош на неефикасните европски институции и вложуваат многу повеќе во  самостојни решенија за излез од ќорсокакот.

Притоа, тој изрази надеж дека како резултат на изборите во Холандија, Франција и Германија во 2017 година на власт во земјите  ќе дојдат влади кои “нема да дозволат запирање на процесот на европска интеграција”.