
Велат дека секоја возраст ги прави убави и поинаку. Едно е сигурно, нема жена која не сака да го запре времето и секогаш да биде млада и убава. Нема како да го запреме времето, но можеме да го забавиме стареењето на кожата.
Правилна исхрана, внесувањето на многу вода, тоа се дел од фактите кои се од клучно значење за убавината и здравјето на кожата.
Домашната нега се исто така е важна. Денес споделуваме една ревитализирачка маска, која е една од најголемите тајни на неверојатната Софија Лорен. Иако вели дека изгледот го должи на омилените шпагети, актерката вложува и посебна грижа за кожата на лицето.
Еве што содржи нејзината разубавувачка маска:
1 лажичка глицерин, кој може да го замените со маслиново масло
1 лажичка мед
1 лажичка суво бело вино
Промешајте сето добро и нанесете врз исчистена кожа. По 10-15 минути може да мине со млака вода.
Направете ја оваа маска 1-2 пати неделно. Ако по нејзиното нанесување кожата не е доволно мека, може да нанесете соодветена крема.