Русија бара од Бугарија објаснување за испораката на оружје за терористите во Сирија

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Русија има прашање за Бугарија во врска со откриеното складиште за муниција од бугарско производство во Сирија. 

Таа наведе дека во Алепо е пронајдено складиште за муниција на терористичката група Џабат ал-Нусра со оружје произведено во Бугарија.

Захарова оценува дека според сите индикатори, Бугарија илегално продава оружје направено според лиценца на Советскиот Сојуз.

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи потенцира дека станува збор за „силно“ оружје во големи количини, додавајќи дека во документите за оружјето се наоѓа називот на производителот и компанијата која го извезува.