Денешната конститутивна седница одговор на Албанците за тоа Груевски или Заев!

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Албанците и како на изборите со јасен став и изгледа  немаат дилеми, дека  навистина нема да прават Влада со криминалците од власта на заминување, и тие кои се на спискот на СЈО. А тоа недвојбено се ВМРО ДПМНЕ.

На вчерашната прва заедничка средба во Тирана , на  премиерот Еди Рама и лидерите на партиите на Албанците во Македонија ,  кои учествуваа на предвремените избори  од 11 декември, се договорила целосна стратегија за  настап и за денечната а констутивна седница  на новиот македонски парламент, но и стратегија за идната влада и можни колицирања.

Како  што дознава Локално.мк , првиот удар кон власта и Груевски ќе биде врз претседателот на заминување Трајко Вељановски . Нему нема да му дозволат  да го задржат кабинетот до формирање на новата влада, ниту пак  тој да преседава со целиот тек на седницата. МОже да ја започне да ги констарира мандатите и толку.  Извори од Тирана кои присутвувале во овие разговори посочуваат дека е неприфатливо Трајко  и челниците  на Груевски да ја злоупотребуваат таа висока  позиција, особено кога мнозинството на партиите воопшто не е на страната на ВМРО ДПМНЕ.

За денеска  се очекуваат  и сериозни опструкции на седницата  до колку ВМРО ДПМНЕ остане тврдо на позициите тие да си тераат по свое водење на конститутивната седница, што може да предизвика и итен избор на претседател на Собранието на РМ како и потпретседатели на парламентот во договор со сите опозициони партии.

Други детали засега не се откриваат која е целосната стратегија за која прецизно се издоговарале челниците на Албанците од Македонија и албанскиот премиер Еди Рама.

Но едно е сигурно ДУИ во своите јавни настапи повеќе не крие дека нема да прави влада со екипата на Никола Груевски туку најверојатн со СДСМ

Политичкиот говор на Никола Груевски кон Албанците беше навредлив и ниту една албанска партија нема да коалицира со него, изјави Невзат Бејта во емисијата „Клик Плус“.

„Да употребуваш таков говор потив Албанците, да упоребуваш православна иконографија на партиски собири и да ги навредуваш другите од другите етнички заедници, кои не се православни… и ти со него да правиш коалиција – е тоа е малку чудно. Не сум сретнал ниту еден Албанец кој рекол да, ќе коалицираме со Никола Груевски. Сите Албанци кои ги знам се против коалиција со Груевски“, изјави Невзат Бејта.

ДУИ јасно сигализира прекин на соработката со ВМРО-ДПМНЕ .

Освен потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта кој изјави дека ниеден Албанец не сака да соработува со Груевски, партискиот портпарол, Бујар Османи, изјави дека одлуката за коалицирање нема да биде во спротивност со волјата на Албанците.  

„Дискутиравме за пристапот на партијата, но нема конечна одлука бидејќи треба да се координираме и со другите албански парти бидејќи за нас е важно сега да излеземе со заедничка албанска платформа и пред да се координираме со другите партии, само ставот на ДУИ во таа насока нема да биде финален“, рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

 Опозициските партии од албанскиот блок јасно ставија до знаење дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.

Генералниот секретар на ДР-ДПА, Арбен Таравари, вели дека коалицијата „Алијанса за Албанците“ ќе гласа без дилема за нов состав на Влада во која ќе биде и СДСМ,  затоа што според него, тие се “ЗА“ продолжување на мандатот на СЈО.

  И ако се заокружи целиот пакет Движењето Беса кои се  категорични дека  нема да  коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, а немаат ништо против можна коалицирање со СДСМ, пратениците на Демократската Партија на Албанците велат дека стојат на располагање на ДУИ, ако таа одлучи да формира нова влада со СДСМ, тогаш тоа се  многу јасни пораки од албанскиот политички блок дека ВМРО ДПМНЕ  и покрај победата со 2 пратеника паѓа во опозиција.
На тиранската средба со ЕДИ Рама. албанските лидери договориле цела стратегија за настап, и  веројатно ќе има многу замки  за  СДСМ, особено за Зоран Заев, велат извори од преговорите за Локално.мк, но првиот чекор во давањето одговори на разврската и спроведувањето на тиранско-тетовската стратегија , ќе биде текот на денешната конститутивна седница на новиот македонски Парламент.

Вчера во Тирана, по вторпат за последниве 15 дена, лидерите на сите политички партии на Албанците во Македонија беа на уште една средба со албанскиот премиер Еди Рама.

На средбата со Рама и со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати присуствуваа претседателот на ДУИ Али Ахмети, Зијадин Села од коалицијата Алијанса за Албанците, Биљал Касами претседател на Беса и Фадил Зендели од крилото на НДП, кое коалицира со Беса. Од ДПА немаше претставник.

Случајно или не , само неколку дена пред првата средба во Тирана со лидерите на партиите на Албанците во Македонија, Рама имал ненадејна посета од директорот на ЦИА Џон Бренан.

Ад