Бисерот на француската ривиера Ница се подготвува да ја пречека Новата 2017 година со многу туристи од целиот свет.

Покрај засилените безбедносни мерки кои се воведени во цела Франција поради опасноста од нови терористички напади, празнично расположение на гостите и жителите на градот не се нарушени. Ница повторно е центар на атракција за луѓето од целиот свет кои го одбрале најмногу познатото крајбрежје, за да ја пречекаат Нова година. Меѓу нив не недостасуваат и турисит од нашите краеви , а многу од книв отишле со сопствени автомобили. Омилено место за прошетки останува крајбрежниот булевар, на кој пред околу половина година се разигра една од најстрашните трагедии во поновата историја на Франција.
На 14 јули 2016 година камион, управувани од исламистички терорист, се удри во мноштвото луѓе кои го набљудуваа огнометот по повод националниот празник на земјата. Загинаа 74 лица, меѓу кои десетици невини деца, а над 200 беа повредени. Местото каде што се случи масакр, е натрупан со цвеќе во спомен на жртвите.
Во Ница денеска е мирно, нема тензии. Покрај крајбрежниот булевар локалните жители и туристите го користат убавото време и блага клима, за да направат тура сончање на плажа. Некои од нив дури се престрашават за да се топнат во Средоземното Море.