Холандската болница започнала истрага откако било откриено дека 26 жени кои се лекувале од неплодност, можеби биле оплодени со сперма од маж, различен од предвидениот за татко, соопшти Си Ен Ен.

Истрагата опфаќа третмани кои се одржаа помеѓу средината на април 2015 година и средината на ноември 2016 година на Медицинскиот центар на Универзитетот во Утрехт.

Инцидентот беше опишан како “процедурална грешка.”

Половина од жените на оваа „процедурална грешка“ оттогаш  родиле или се бремени.