ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
3 Тетово, ПОжаране, 11 Маврово, Лазарополе.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-7 Скопје Петровец, -5 Штип, -4 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Берово, Гевгелија, Струмица, Д. Капија, -3 Маврово, Тетово, -2 Битола, Кр. Паланка, -1 Лазарополе, Ѓуриште, Виница, Крушево, 0 Прилеп, 1 Дебар, 2 Дојран, Претор, 3 Тополчани, Охрид.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Дебар, Лазарополе, Тетово, Маврово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Облачно, во северните делови со врнежи од снег.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Облачно со врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. На југот од земјава врнежите најпрвин ќе бидат претежно од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен. Температурата ќе достигне од 1 до 8 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од снег, попладне со засилен северен ветер. Температура до 1 степен.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено на истокот од земјава. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Утринска температура од -9 до -3, а дневна од -9 до -2 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури насекаде ќе бидат под -10, а на места ќе се спуштат и до -20 степени. Потоа во наредните денови ќе се задржи студено, но со благ пораст на температурите.