Тие треба да ја напуштат веднаш, но недостатокот на валидни документи за идентификација често ги отежнува процедурите

Во Германија има 62 опасни исламиста кои треба итно да бидат екстрадирани назад во нивните земји по потекло, објави националниот весник Die Welt .
“На 62 од нив барањето за азил им е одбиено”, објавија а властите во Берлин. Тие треба да напуштат веднаш, но недостатокот на валидни документи за идентификација често ги отежнува процедурите.
Федералната криминална служба има податоци за 550 лица, кои претставуваат потенцијална терористичка закана за земјата. Не сите од нив сепак се наоѓаат на територијата на Германија, додаваат од редакцијата.