Светот опасно балансира на границата на Трета светска војна, сметаат жители на западни земји, анкетирани од компанијата YouGov. Социолозите спроведоа анкета меѓу 9.000 луѓе во 9 земји од НАТО, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција, пишува британскиот весник The Independent.

Во САД 64% од учесниците во анкетата сметаат дека третата светска војна е неизбежна. Во мировниот сценарио на развојот на светските настани веруваат 15% од Американците.
Во Велика Британија близината од нова глобална војна ја чувствуваат 61% од испитаниците, а 19% го поддржуваат оптимистичкото мирно  сценарио.

“Французите и Американците се плашат најмногу, но причините за стравувањата им се различни”, вели директорот на политичките и општествените истражувања на YouGov Ентони Велс.

Тој тврди дека стравувањата на Американците најверојатно се предизвикани од неизвесноста околу презтседателствувањето на Донлд Трамп, без да ја коментира улогата на Обама во сегашната напната ситуација во светот.

Французите  за возврат најмногу стравуваат од тероризмот – 81% од учесниците во анкетата сметаат дека наскоро во земјата повторно ќе има терористички напади.

Анкетата исто така покажува дека 71 % од Британците и 59% од Американците чувствуваат воена закана од страна на Русија.