Орбан: Наредбата за сите илегални мигранти

од Vladimir Zorba
68 прегледи

“Секој еден закон, кој помага терористичките напади треба да биде променет во интерес на нашата одбрана”, истакна Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан призна дека има силен  напон со Брисел поради заздравувањето на мерката “притвор за илегалните мигранти кои пристигнуваат на територијата на земјата”. Мерката беше вратена по последните терористички напади во Европа.

“Ние повторно ја воведовме  мерката притвор за лицата чии молби за влез во Европа се уште не се разгледани”, рече Орбан, цитиран од државното  радио.

Според него “мигрантите додека не добијат одговор на нивното барање не може да се движат слободно во Унгарија”. Во 2013 година Унгарија  ја тргна оваа мерка, но унгарскиот премиер во моментов смета дека “има потреба од нејзино обновување поради терористичките напади во Европа”.

“Секој еден закон, кој помага терористички напади треба да биде променет во интерес на нашата одбрана”, истакна Виктор Орбан.