За прв пат по 17 години воз ќе ги поврзува Белград и Косово

од Vladimir Zorba
115 прегледи

По 26-ти февруари ќе биде јасно дали линијата ќе остане трајно.

За прв пат од 1999 година Србија иницира создавање на железничка услуга меѓу главниот град Белград и Косово. Возот ќе тргнува од Белград и ќе продолжи во Младеновац, Крагуевац и Краљево до Косовска Митровица, административен центар на Митровски округот во Косово.

Новата железничка услуга ќе работи од 20 јануари до 26 февруари, по што ќе биде донесена одлука дали таа ќе остане трајна, пренесува Sputnik ..

Република Косово, сепак, смета  дека  новата железничка линија е  обид од страна на Белград да го наруши нејзиниот суверенитет .Србија не го признава Косово како независна држава и до ден-денешен ја смета за своја територија.

Република Косово е признаено  од 23 држави и од сите 28 земји-членки на Европската унија. Бугарија е една од земјите кои го признаа Косово.