Легендарната серија “Твин Пикс” повторно ќе се врати на малиот екран на 21 мај по 25-годишно отсуство.
Американскиот Кабелски Showtime прв емитуваше тизер на филмската продукција, на кој беше прикажан и актерот Кајл Маклоклан.
Како во првите сезони на серијата, емитувани во почетокот на 90-тите години, тој ќе се појави во улогата на чудниот специјален агент на ФБИ Дејл Купер.
Голем дел од актерите од оригиналната серија ќе се вклучат и во новата лента на Дејвид Линч.
“Твин Пикс” освои три награди “Златен глобус” во 1991 година, меѓу кои за најдобар серијал.