Македонија попладнево против Словенија ја има првата шанса за осминафинале

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во дуелот со Словенија ќе ја има првата можност да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Франција. Во Б групата во Мец ривал на нашите ракометари е Словенија, селекција од која пред две години загубија во осминафинале во Доха (28:30).

Досега Македонија со оваа селекција има одиграно четири официјални дуели и има само една победа, на Европското првенство во Србија 2012 година во натпревар за 5.место.

Во таборот на Македонија се подготвени за предизвикот и натпреварот против фаворитот Словенија.

– Имаме два добри резултати. Потребна е концентрација во текот на целиот натпревар. Играта на Словенија ја познаваме, немаат слаб играч. Потребна е добра одбрана за да имаме добар резултат за осминафинале, но ќе биде потребно да се одигра и добар напад. Треба да се затвори средината и играта на нивните средни бекови и да ги спречиме нивните контри и полуконтри, изјави Влатко Митков.

Почетокот на натпреварот Македонија – Словенија е во 17 часот и 45 минути.

Покрај овој дуел, од Б групата во 3.коло играат уште и Шпанија – Ангола. Вчера Исланд и Тунис одиграа нершено 22:22.

Табела: Словенија 4 бодови, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0./MIA