
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во см (во 8 часот).
1 Штип, 4 Виница, 5 Претор, Прилеп, 7 Д. Капија, 10 Кр. Паланка, 13 Струмица, 14 Тополчани, Куманово, 16 Скопје, 21 Битола, 26 Берово, 27 Тетово, 29 Крушево, 34 Ѓуриште, 45 Пожаране, 58 Лазарополе, 69 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-6 Маврово, -4 Ѓуриште, Пожаране, Крушево, -3 Кр. Паланка, Берово, Лазарополе, -2 Скопје, Куманово, Тополчани, Претор, -1 Тетово, Прилеп, 0 Д. Капија, Битола, Виница, Штип, 1 Струмица, 2 Охрид, Гевгелија, Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Струмица, Прилеп, Штип, 3 Тополчани, Тетово, Ѓуриште, 4 Скопје, 5 Лазарополе, 6 Пожаране, Битола, 7 Крушево, 8 Маврово, 10 Гевгелија, Дојран, 12 Куманово, 14 Д. Капија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Облачно со локални, претежно слаби врнежи од снег, а на крајниот југоисток со слаб дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.
Во Скопско облачно со повремени врнежи од снег, во текот на денот послаби, а пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Снежната покривка ќе се зголеми за околу 15 до 20 см нов снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 1 степен над нулата.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови. Од врнежите што се очекуваат денес и утре снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег.
Утре во текот на претпладнето почнувајќи од запад врнежите ќе престануваат, а на истокот ќе се задржат до пладне и рано попладне.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од петок се очекува стабилизација на времето со суво време и намалување на облачноста.