Министерот за надворешни работи Енвер Хоџај испратил писмо од три страници на различни земји

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај пишувал до дипломатските централи на ЕУ и на САД, обвинувајќи ја Србија во “низа провокативни дејства и агресија”, пренесе српското радио B-92.
Хоџај споменал за “изградба на ѕид во северна Косовска Митровица, за повлекувањето на српските министри и пратеници од институциите на Косово, апсењето на поранешниот премиер Харадинај во Франција по барање на Србија и други инциденти”.