“Шарл ебдо” направи нешто ужасно и грдо!

од Vladimir Zorba
90 прегледи

 Властите во италијанскиот град Фариндола каде планински хотел беше затрупан од лавина, ќе го  судат францускиот сатиричен магазин “Шарл ебдо”. Ова го соопшти Телевизискиот канал “РАИ њуз 24”, повикувајќи се на градоначалникот на градот, пренесе ТАСС.

Скандалозното француско списание објавува на страницата на Фејсбук карикатура на која алегориска фигура на смртта скија, држејќи две коси наместо скијачки стапови Натписот на цртежот гласи: “Италија, снегот дојде” и Додатокот:

“Но, нема да има за сите”. Градоначалникот на Фариндола Иларио  соопшти дека подготвува тужба против списанието и авторите на овој навредлив, според него, цртеж.

Доцна на 18 јануари лавина падна врз хотелот “Ригопиано” во Фариндола во централна Италија. Операцијата за пронаоѓање на преживеани меѓу гостите и вработените во хотелот  и натаму не е завршена.

Дваесет и три лица се водат за исчезнати. Досега се пронајдени телата на петмина загинаа, а девет лица, меѓу кои четири деца, беа извадени живи.