Во британскиот град Саутхамптон се одржуваат спортски активности за луѓе кои сакаат да тренираат голи, пренесува “Дејли Меил”. Активностите се водат од 35-годишната Хелен Смит. Групата брои 10 лица на возраст меѓу 33 и 70 години.

“Главната придобивка од голите вежби е дека  го гледате јасно движењата на тренерот додека ги извршувате вежби”, објаснува таа.


Како друга предност на голиот фитнес Британката наведува дека по вежбањето нема потреба да си ја перете облеката за вежбање  .


Смит е уверена дека е пионер во областа. За да станат членови на групата , луѓето треба да се регистрираат онлајн и да покажат документ пред вежбањето.