За да бидеме секогаш здрави и витални, треба да се научиме да мислиме позитивно, да ги надминеме стравовите мудро и да сфатиме дека ништо не е вечно – ниту убавите моменти, ниту – лошите. Се е дел од животот!
Еве кои органи од кои наши стравови и мисли се разболуваат:
Кардиоваскуларни заболувања
Срцето страда од недостиг на љубов и топлина. Оние кои не веруваат во љубовта или си забранилe да покажат топли чувства кон другите луѓе, порано или подоцна стануваат жртви на кардиоваскуларните заболувања.
Артритис
Од артритис страдаат луѓе кои не можат да кажат “не”, не умеат да ги заштитат сопствените интереси . Тие често ги обвинуваат другите за своите неуспеси и “лош живот”.
Хипертензија
Хипертензијата се појавува како последица на тешка работа без одмор. За да е среќен и за да се чувствува исполнет, човек треба да се труди, но и да се одмора. Ненапразно во Библијата пишува: “6 дена работи, на 7-миот ден да си отпочинеш”.
Бубрежни заболувања
Проблемите со бубрезите се должат на неуспесите и разочарувањето од животот. Страдалниците постојано мислат дека некој ги мами, а тоа води до одредени хемиски процеси во организмот и различни болести поврзани со бубрезите.
Астма
Од астма страдаат оние кои не сакаат и не умеат да водат самостоен живот. Тие сакаат постојано некој да се грижи за нив.
Стомачни проблеми како чир и запек
Тие се последица на грешки кои се прават во минатото, од кои човек не може да се оддалечи. Наталожените негативни чувства и искуства “удираат” во стомакот. Решение – да пуштиме сето негативно да си замине од нашите животи и да направиме место за нови и позитивни емоции.
Изгореници
изгореници одат со агресивност.
Проблеми со видот
Луѓето кои имаат проблеми со видот, не сакаат да го гледаат светот таков каков што е. Тие постојано ги игнорираат нештата, и едноставно мора да се соочат храбро против стравовите и истите да ги надминат.
Дебелината
Дебелината зборува за внатрешна празнина, тага. Душевните рани сепак нема како да се излечат со храна.
Проблеми со забите
Таквите проблеми имаат оние кои не умеат да донесуваат одлуки сами, бидејќи се плашат од последиците. Оваа внатрешна неувереност ги уништува забите!
Проблеми со ‘рбетот
проблеми со’ рбетот имаат луѓе кои се премногу повнимателни кон себе. Научете да се цените себе си, нема потреба од непотребен стрес!
Несоница
Несоница сведочи за бегство од животот и неподготвеност човек да признае за своите темни страни. Научите како да направите правилни заклучоци и не се малтретирајте без причина. Многу често сите проблеми се само и единствено во нашите глави.