Лажни вести се лиферуваа и дилаа и во изборот за новата влада во Македонија. ДУИ и ВМРО ДПМНЕ беше спинот.
Ако за време на изборната кампања фрчеа „бомби“ и лажни вести преку косовските и албански портали и медиуми, сега во таа игра влета и престижниот и гледани ТВ Топ ченел од Тирана. Го следеа многу локални портали и медиуми. Игранките и пазарењата околу формирањето на новата влада во Македонија предизвика прво низа дезинформации во Албанија за граѓаните , а потоа и обид за влијание во носењето на одлуките наДУИ и расправата во Мала речица.Лажната вест беше дека :Али Ахмети и Никола Груевски формирале повтороно колициска влада и старите коалиционери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се повтроно лидерство на чело на Македонија, став кој го договорило претседателството на ДУИ.
Целта на оваа инфрмација , како што за Локално.мк изјавија извори кои биле внатре на состанокот на претседателството на ДУИ , била да се изврши притисок врз оние кои се двоумеле на состанокот и биле против коaлицијата со ВМРО ДПМНЕ. Спинот бил демек Тирана веќе знае и одобрува колиција со ВМРО ДПМНЕ.
Истите извори тврдат дека за оваа намена биле донесени регионални известувачи во Скопје, кои ја дистрибуирале лажната вест и потоа ја јавиле во претседателството дека ете дури и Тирана, и Бериша се среќни и немаат против – честитаат за ваква коалиција.
Оваа дезинфорамција -реакција имала за цел да покажа дека опозицијата во соседна Албанија посакува коалиција меѓу ВМРО и ДУИ. Подоцна информацијата била избришана и повлечена од медиумите кои први ја објавиле.Сепак тој спин врз дебата на ДУИ не поминал.
Единствено штетата од лажната вест е дека на неа наседнале само неколку политичари, и опозициската Демократската партија на Албанија која официјално преку соопштение го поздрави формирањето на новата влада во Скопје меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Демократската партија ù посакува успех на новата влада во Македонија и ветува дека кога ќе управува со државата ќе биде сериозен партнер за реализација на големиот проект за евроатланска интеграција на регионот како безбеден пат на зајакнување на мирот и стабилноста.“ – соопштија од Демократска партија на САли Бериша.
На дезинформациите во медиумите во Тирана наседнаа и други големи политички имиња во Албанија како Пандели Мајко и Тритан Шеху кои реагираа на нивните профили на социјалните мрежи поздравувајќи непостоечки договор за влада.
На оваа вест се налепила и РТС, повикувајќи се на информација на дописникот на Танјуг од Скопје.