Сите знаеме дека има огромни рестрикции во една од нај затворената држава во светот. Како што има рестрикции во движењето, кој колку пари ќе спечали а исто така и кој каде ќе се движи, така има рестрикции во Северна Кореја и за користењето на технологијата.
Па еве неколку примери како (не)се користи технологијата во Северна Кореја.
Интернетот скоро и да не постои во оваа држава. Тој е достапен само на странците и елитата, а интранетот што е наречен Кванмијонг не е поврзан со останатиот свет. Интернетот содржи само страници на институции но сега се отвара и за комерцијална употреба.
Фејсбукот е забранет во оваа држава но Северно Корејците имаат свој вид на Фејсбук во оваа држава. Толку многу им се допаднал Фејсбукот што направиле клон кој бил хакнат и немаме доволно информации да ви кажеме дали сеуште се користи.
1 од 10 жители имаат паметен телефон. Одредени луѓе во Северна Кореја имаат паметен телефон. Во цела држава има само 3 милиони паметни релефони, а сопственици на компјутери има само 100.000.
Интернационални разговори се казниви со закон. Иако некои Северно Корејци имаат роднини во странство тие се кријат кога разговараат со нив бидејќи е забрането со закон да се разговара во странство. За да го заобиколат законот користат увезени телефони од Кина.
Десктоп компјутерите ги имаат само богатите луѓе во оваа држава. Исто така и студентите имаат пристап до десктоп компјутери, а исто така се достапни и во интернет кафулињата и училиштата но тие се надгледувани од владата.
Евтините кинески таблети се само за елитата. Од минатата година во Северна Кореја се достапни “Woolim” таблетите. Тие не може да се поврзат со Wi-Fi или Bluetooth. Иако се произведени во Кина и се очекува да се со пониска цена, напревени се да не бидат достапни за сите.
Оние кои што имаат телевизори немаат богат избор на програми. Полицијата редовно врши проверка дали на поставените телевизори се гледа нешто друго или се користи само за владините програми.
Беркан Асановски