Заврши средбата Србија-Косово со посредство на ЕУ

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Самитот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ, заврши, а учесниците по неа ја напуштија зградата, без да дадат изјава за новинарите, соопшти ТВ РТС.

Во преговорите учествуваа претседателот и премиерот на Србија Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, како и претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа. На Средбата И претходеа билатерални консултации на Могерини со претставниците на Косово и со премиерот и претседателот на Србија.

Пред средбата Томислав Николиќ изјави дека прашањето за независноста на Косово нема да се разгледува, а ќе се разговара  за проблемот на Заедницата на српските општини во Косово, мостот во северна Митровица и правниот систем. Претседателот на Србија истакна дека во дијалогот со Приштина Белград “не само што ја  штити својата територија, но и правото на многу земји и народи на слобода и суверенитет”.

Претходниот круг од преговорите на 24 јануари, исто така, помина без особени резултати. Тој се одржи за првпат по конфликтот со возот Белград-Косовска Митровица, кој беше еден од најострите кризни моменти по едностраното прогласување на независноста на Косово во 2008 година.

Локално.мк потсетува дека на 14 јануари, кога во Србија се слави Божиќ по Јулијанскиот календар српските власти го пуштија брендиран  воз  со националистички пораки од Белград до Косовска Митровица, каде што има компактно српско население. Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави на “Фејсбук” дека овој воз не смее да се пропушти.

Возот никогаш не стигна до крајната точка. Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека одлучил да го врати возот назад, за да го задржи животот на патниците и да не дојде до посериозни судири. Според него, “Албанците се обиделе да ја минираат железничката пруга, а нивните специјалци подготвувале задржување на патниците и возачот”. Следеше размената на остри изјави.

Претседателот на Србија Николиќ најави дека во случај на репресии врз Србите во Косово, тој не само што ќе испрати војска таму, но и сам заедно со своите синови ќе отиде да војува. Во одговор  на заканите косовската страна заговора за реформирање на силите за безбедност во комплетна  армија на КОсово која ќе го брани својот суверинитет. Последователно и премиерот Вучиќ и претседателот Николиќ признаа дека регионот бил на чекор од војна. / ТАСС