Главниот обвинител на Албанија, Адриатик Љала, гостувајќи во емисијата „Опињон“ изјави дека значајни(важни) странски амбасадори во Албанија, бареле од него да апси високи фукционери во земјата.
Странските амбасадори профитирајќи од нивниот имунитет дека не можат кривично да бидат гонети, барале од обвинителот апсење на високи актуелни и поранешни функционери.
– Овие амбасадори бараа апсење на високи функционери од повисоко ниво во Албанија. Станува збор за актуелни и поранешни министри, како и други високи фнкционери. Ценам дека тоа го правеа врз основа на нивни мислења кои ги имаа. Мојот став беше категоричен дека Обвинителството делува врз основа на докази, а не според нивните мислења, изјави Љала.
– Во врска со мојата загриженост од тоа го информирав и претседателот на Републиката, господинот Бујар Нишани.
– Според моите сознанија претседателот Нишани оствари контакти и им ја пренесе загриженоста, но дел од нив не сакаа ни да чујат. Барањето беше пред околу две години, изјави тој.
Запрашан за кого станува збор, Љала не се согласи да споменува имиња, но сепак призна дека еден од високите функционери кој, според странските дипломати, требало да заврши во затвор, бил Сали Бериша, екс премиер и поранешен шеф на албанската држава