Следбениците на Трамп се многу попријателски расположени кон Москва од оние на Хилари
Попрецизно, на мислењето “Русија – непријател на САД” се 22 отсто од анкетираните. Притоа се добива интересна слика. 39 проценти од оние кои гласале за Хилари Клинтон, сметаат дека Русија е непријател, а на тоа мислење се само 10 проценти од следбениците на Трамп.
Генерално Русија е на шесто место меѓу непријателите на САД. На прво место е Северна Кореја (57 проценти), Иран (41), Сирија (32), Ирак (29) и Авганистан (27).
По Русија следат Либија, Сомалија, Пакистан и Палестина.