Денес се навршуваат  точно 65 години откако Велика Британија е управувана од 63-ти монарх. Така таа станува првата во историјата на Велика Британија, која  толку долго време останала на тронот.

Медиумите на островот пишуваат дека во овие децении на социјални противречности таа останала симбол на националната стабилност во променливиот свет.
90-годишната кралица е крунисана на 6 февруари 1952 година, откако нејзиниот татко почина. Елизабет Александра Мари е родена на 21 април 1926 година и е најголемото дете на војводата и војвотката на Јорк.

Престолонаследник е чичкото, но тој  одбива да се омажи за разведена два пати Американка. Така таткото станува кралот Џорџ Шести, а по неговата смрт таа го наследува.