Денешниот ден ќе остане во историјата на Катар како најстудените за земјата.
Денешниот ден ќе остане во историјата на Катар како најстудените за земјата. Утрово температурите паднаа до 1,5 степени целзиусови, јавуваат локалните медиуми. Досега такво “ладно” не е забележано. Рекордот за најниска температура во емиратот беше 3,8 степени во 1964 година Катар се смета за најжешките држава во светот. Во моментов таму е околу 17 степени, а во текот на летото живата достигнува до цели 50 степени целзиусови. Влажноста на воздухот е доста висока – околу 90%, што ги прави горештините уште понеподносливи. Жештината предизвика и жестока дебата за одлуката Катар да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година / АФП