Во очи на Денот на вљубените, аукциската куќа Сотби од Лондон организира аукција уметнички дела чија тема е еротиката. На продажба, преку каталогот „Еротика: страст и желба“, изложени ќе бидат над 100 уметнички репрезентации на сексуалноста и заведувањето од антиката до денес.

Покрај дела на Пикасо и Ентони Гормли, на аукцијата ќе има дела од Индија создадени во 18-от век, декоративен француски мебел и мермерни скулптури од вториот век.






