Локалните власти на Солун деновиниве дистрибуираа флаери и излепија постери низ градот како подготовка на масовна евакуација на околу 75.000 луѓе што е планирана за утре- недела поради деактивација на неексплодирана бомба од Втората светска војна, тешка околу 220 килограми.Бомбата е најдена под бензинска пумпа.

Се очекува операцијата на деактивација да трае околу шест часа. Сите жители во радиус на околу 2 километри од бензиската пумпа треба да се евакуираат во недела во 7 часот наутро. Властите велат дека ќе се евакуира и еден бегалски камп што се наоѓа во близина, со околу 450 мигранти.
Бомбата е откриена минатата недела кога почнале градежни работи за проширување на пумпата.
Во три солунски општини е прогласена вонредна состојба. „За време на евакуацијата ќе бидат ангажирани 1.000 полицајци и 300 волонтери“, пренесе АП.
НЕ се знае чија е бомбата, но старите жители потсетуваат дека „Англиски и американски авиони го бомбардираа Солун на 17 септември 1944 година, тоа беше недела за време на ручек“, се сеќава Јорго Герасимо (86), кој живее на 800 метри од бензинската пумпа. „Ги гледавме авионите“, вели Јорго, кој тогаш имал 13 години.
Грција беше под германска окупација од 1941 до октимври 1944 година.