Мјузиклот “Ла Ла Ленд” стана најдобар филм, според Британската академија за филм и телевизиски уметности (БАФТА).
Победата на музичкиот филм за љубовта на младата актерка во исполнувањето на Ема Стоун и џез музичарот (Рајан Гослинг) беше очекувана – повеќето критичари соопштија дека го преферираат филмот, кој претходно доби “Златен глобус” во САД во сите седум категории за кои беше номиниран.
За време на церемонијата за доделување награди на најдобрите, според британската кино заедница, Американката Ема Стоун доби БАФТА за нејзината улога во мјузиклот “Ла Ла Ленд”.
Од номинираните за “Најдобра режисерска работа” признанието остана за американскиот режисер Дамиен Шазел кој го сними истиот мјузикл.
Церемонијата беше во кралската “Алберт хол” во Лондон. Годината е јубилејна за најпрестижната британска кинонаграда – таа полни на 70 години. За 12-ти пат церемонијата води познатиот актер и шоумен Стивен Фрај. Покани за прославата добија две илјади луѓе.
Американскиот актер Кејси Афлек беше прогласен од британската кино заедница за најдобар актер во британски филм за 2016 година за неговата улога во драмата “Манчестер до морето”.