Уметноста да водиш гангстерски војни добива нови димензии. По наредба на Ал Капоне во гаража во Чикаго се застрелани конкурентни мафијаши со автомат “Томпсон”. Во тоа време тоа оружје се сметало за високо технолошко достигнување.

Ова не е прв пат, во кој мафијаш користи Томпсон. Во масакрот на Капоне сепак – убиени се седум лица и тоа на денот на вљубените, што е невидено и шокантно дури за жителите на Чикаго.
Жртвите се дел од бандата на Џорџ “Багзи” Моран, која долго време го попречувала Капоне и неговите операции поврзани со шверц на алкохолни пијалоци.
Планот бил следниов – да се намамат што повеќе луѓе на Моран во гаража на ул. “Норт Кларк” 2122 и да се убијат сите. Обично како мамка се користи шверц алкохол. До ден денешен не е јасно што точно ја натерало бандата на Моран да влезе во оваа гаража.
Самиот Моран сепак не се појавил на предметното место. Еден од разузнавачите на Капоне погрешно препознал еден од мафијашите како Багзи и луѓето на Ал ја нападнале гаража. Двајца од нив, преоблечени како полицајци успеале успешно да разоружаат двајца од бандата на Марони. Последните веројатно помислиле дека се”чувари на редот” имале намера да ги уценуваат. “Полицајците” ги поредиле гангстерите до ѕидот така како требало да се пребаруваат. На крајот на краиштата биле стрелани со две пушки “Томпсон”со магацин од 45 куршуми. Во прилог на нив џелатот користеле и пушки двоцевки.
Колку и да звучи чудно, Франк Гусенберг – една од жртвите – отстанал привремено жив. Тоја дури и доаѓа на свест за кратко во болница. Верен на гангстерски код, Гуеснберг умира без да издаде кого и да било. “Нема да зборувам. Никој не ме уби “, вели тој пред да починеа.
Полицијата не успеа да уапси никого, бидејќи на местото на настанот немало никакви очевидци. Нема сомневање дека, сепак, тоа е работа на Ал Капоне. Иако и самиот Моран да не бил убиен, тој ја изгубил својата власт потоа – и контролата над Норт Сајд.
Што се однесува до автоматите “Томпсон”, тие наоѓаат сериозна апликација и за време на Втората светска војна. Сепак ќе останат познати во историјата како омилено оружје на мафијашите.