Важна порака: Европска агенција констатира – лекови за дијабетес причина за апутација на прсти на нозе

од desk2
119 прегледи

Лекови за дијабетес тип 2 го зголемуваат ризикот од ампутација на прсти на нозете, е заклучокот е на Комитетот за проценка на ризикот при следење на безбедноста на лекот (PRAC) при Европската агенција за лекови.

Станува збор за лекот канаглифлозин, пишува бугарски “Труд”.
Зголемен број на ампутации на долните екстремитети, особено на прстите, кај пациентите кои го земале овој препаратот, е виден во две клинички испитувања. Споредбата е со група пациенти кои примале плацебо. Во овие тековни истражувања се вклучени луѓе со висок ризик од кардиоваскуларни проблеми.

Механизмот со кој канаглифлозинот може да го зголеми ризикот од ампутација, се уште е нејасен, додаваат од Извршната агенција за лекови.

Зголемен ризик засега не е забележан во студии со другите лекови од истата класа – дапаглифлозин и емпаглифлозин. Сепак достапните податоци се ограничени и ризикот може да се однесува и до нив.

Се очекуваат уште податоци од тековните студии со канаглифлозин, дапаглифлозин и емпаглифлозин.