ПЛУНКАТА вода ЌЕ ЈА ИЗМИЕ, но измиениот МОЗОК ништо НЕМА да го ВРАТИ!

од Vladimir Zorba
2,K прегледи

„Ние како извршувачите на смртните пресуди не сме одговорни за убиствата, туку тој што ја дава наредбата“ – рече атентаторот на ВМРО

 

 

Историјата е наука која ни кажува, која не учи и која ни помага да сфатиме за тоа како треба и како не треба да се прават работите. Проблемот е кога луѓето не ја доживуваат Историјата како наука туку како стрип романче.

Еве Ви една приказна од „далечната“ ни македонска историја која би требало да не научи нешто.

Си бил еднаш еден од многуте атентатори на ВМРО кој се викал Димитар Стефанов –Димчо. Тој работел по налог на Ванчо Михајлов – Радко. Димчо е и директниот извршител на убиствата на Петар Чаулев и Александар Протогеров помеѓу другите.

Убиството на Чаулев се случило во кафана во Милано, Италија 1924 на линков имате убаво дури би се осудил да кажам романтично писание, па ако сакате прочитајте(https://goo.gl/PPS93m).

По убиството клекнал над мртвиот Чаулев па со тага рекол, дека и двајцата се жртви за Македонија и така натаму погледнете на линкот.

Многу ми е жал што немал некој помудар на Димчо да му каже тогаш дека ни тој ни Чаулев не се жртви на Македонија туку жртви на лудиот ум на Ванчо Михајлов кој му го испрал скроз паметот. Зборуваме за 1924 година инаку, ако се збунивте нешто со деновиве.

Тоа што за мене е карактеристично и што сакам да Ви го предочам денеска во 2017 година во која некој праќа некого во кафана за да „го плукне предавникот“ се зборовите на Димитар Стефанов – Димчо и неговиот одговор на прашањето – Зошто убивал?

Инаку Димчо поживеал подолго се дружел и со писатели (Никола Вапцаров, Антон Панов…), а починал дури 1970 година во Скопје.

Во интервју пред неговата смрт кога го прашале Димчо – Зошто? (прашањето било директно за убиството на Чаулев) – тој одговорил:

ВМРО во тоа време беше светост, и никој помеѓу нас атентаторите во тоа време не би се осмелил да оспорува какво било решение или наредба, или пак да поставува прашања. Ние како извршувачите на смртните пресуди не сме одговорни за убиствата, туку тој што ја дава наредбата. Извршувачите, професионалните убијци бевме само искрени, ревносни македонски патриоти и националисти.

Ете Ви ја почитувани мои Македонци лекцијата – Димчо и другите мислеле дека за Македонија убиваат, а не за Ванчо Михајлов кој патем ги цицаше парите рекетарски и доживеа длабока старост во Рим до 1991 година.

Продолжете да плукате слободно, денеска има кој да им каже на Димчовци – не се плука за Македонија плукате за тој што ви кажува да може да продолжи да Ве манипулира и да Ве краде.

 

од категоријата Граѓански /  автор M. Годински