Се очекува силен дипломатски притисок врз Македонија

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 Претседателот Иванов би требало да ја преиспита одлуката , и да дејствува согласно Уставот на Македонија, во интерес на сите граѓани и стабилност и безбедност на државата. Тој мора согласно своите уставни ингеренции да дејствува, на смирување на политичките  потреси, амортизирање на незадоволството ,а не да  е потикнувач и да застанува зад повиците за судири меѓу граѓаните. Тоа воопшто не е ниту херојство, ниту патриотизам, државата да ја внесеш во граѓанска и братоубиствена војна се препораките кои деновиве стигнуваат до Иванов.
Од него се бара да го доделни мандатот, и да не предизвикува заблуди  и поделби кај граѓаните, што реално може да доведе до граѓански судири, до меѓуетничка нетрпеливост и омраза, а на крајот  да покаже  сенс на државник кој размислува и подалеку од дворот на партијата која го избрала и да ја следи и геоплотичката конфликтност  и интереси во регионот.
Токму поради тоа се сите сериозни повици до претседателот Иванов, кој е во позиција да пристапи одговорно кон дражавата а не кон неговиот партиски наредбодател Никола Груевски, или не само како заштитник на еден дел од граѓаните.
Државен над партиски интерес
Деновите пред нас се означуват како денови со висок ризик, поради што токму во тој контекст ќе расте и дипломатскиот притисок врз фронтмените  на државата , и пред се врз Иванов,  за да се остане на уставните одредби на државата , и да се зачува присебноста и мирот на граѓаните. Меѓунардните организации, Европа и  САД и деновиве бараат од претседателот Иванов  да ја преиспита својата погречна одлуката, околу недодлеувањето на мандатот на опозицискиот лидер за фоемирање нова влада
. Брисел, Вашингтон, Берлин, Лондон, НАТО, ЕК  Европарламент, Обсе ,Стејт департмент.., се редат пораките и укажувањата.
Претседателот Иванов  да ја преиспита одлуката и да ја корегира во интерес на граѓаните на својата земја последно порача германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел. Тој смета дека ваквата постапка е во спротивност со демократските принципи.
Британскиот министер за Евгропа и Америка сер Алан Данкан вели дека е разочаран од, како што пишува „неуспехот на претседателот Иванов да стави крај на политичката криза во Македонија“.
67 новоизбрани пратеници, претставници на различни заедници во Македонија побараа да формираат влада. 67 од 120 е чисто мнозинство и претседателот Иванов треба да размисли за својата одлука, вели британскиот министер.
 Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини барајки Иванов да ја повлече одлуката, апелираше да не се разгоруваат меѓуетнички конфликти во комплексната и внатрешната  и геополитичка  ситуација. 
И токму во тој контекст ,додека американскиот амбасадор Џес Бејли смета дека одлуката на Иванов не е во согласност со клучните вредности на НАТО,и бара преиспитување на одлуката од Иванов, руската амбасада во Македонија е на став дека на Македонците со активна помош од ЕУ и од НАТО се обидува да им се наметне „албанската платформа“, создадена во кабинетот на премиерот во Тирана.
Руските соопштенија и твитови од амбасадата во Скопје како да доаѓаат од центарот за информирање на ВМРО ДПМНЕ, велат екпсертите, но има одоговр и логика се тоа за Москва  бидејќи тие се во стратегија за враќањето на влијанијата на Русија на Балканот.
Логиката на Македонија е да расчисти со криминално владеења и да воспостави владеење на правото и демократски избрана власт, со што ќе ја заштити својата унитарност и демократските капацитети за евроатланаските интеграции. Освен ако Москва не сака да го спречи токму тоа, и подгрева анти НАТО атмосфера токму преку ваквите поддршки!?
  Јасно  е дека Македонија покажа, особено политичките актери, оние кои се на власт дека не се во состојба сами да ги менаџираат кризните ситуации, кога отворено и без задршка одат против демократските принципи“ е оценката на експертите, и оттаму за очекување е голема дипломатска офанзива од Брисел, Европа и САД за запирање на тензичноста и враќање на демократскиот колосек кој подразбира институционална одговоронсот, владеење на правото, почитување на Уставот и мирни трансфери на власта по кредибилни и демократски избори.
Колку за излез од безизлезот и ќорсокакот во која се движат работите , може да биде полезно и одлагање на спроведување на „платформата“, формирање Влада со новото парламентарно  мнозинство, а потоа отворање на парламентарна дебата за сите отоворени прашања во институциите на системот, порачува експертската јавност.