10 жени кои го променија светот

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Во целата човечка историја и во различните култури, жените секогаш биле соочени со бројни предизвици и неправди. Но науката, музиката, уметноста, политиката, модата и т. н. се обележани од успесите и постигнувањата на големи жени кои го променија светот.


Тие покажаа што е слобода, ум, добрина, љубов, убавина и инспирација. И ако за миг сте си помислиле дека да бидете жена не ви го носи потребното задоволство и признание, размислете повторно. Покажете ја својата природа, бидете силни и прекрасни секој ден.

Во продолжение ви претставуваме 10 големи жени кои ја променија претставата за женската природа во светот.

Нека тие бидат вашата инспирација!

Клеопатра
Голема убавица или сепак не толку, Клеопатра успева да ги натера едни од највлијателните мажи да дејствуваат според нејзините желби. Јулиј Цезар и Марко Антониј не успеваат да одолеат на шармот и фасцинацијата на египетската царица. Долги години таа ја ужива нивната заштита, а кога треба да избира да биде потчинета, Клеопатра сама става крај на својот живот.

Ана Франк
“И покрај сè, верувам дека луѓето се навистина добри во срцето.”
Таа умира како само 15-годишна во концентрационен логор. Нејзиниот дневник е објавен по смртта  и така книгата на малата Ана се претвора во една од најчитаните во светот. Додека се крие со семејството од нацистите за време на Втората светска војна, таа го пишува својот дневник, кој е подарок од родителите за 13-тиот нејзин роденден. Денес книгата е преведена на 60 јазици, снимани се и филмови по неа.

Индира Ганди
“Простувањето е силата на храбрите.”
Поранешен премиер на Индија во вкупно времетраење од 15 години, харизматичната Ганди го отвори патот за демократијата во својата татковина. Во 1984 година таа е убиена.

Марија Кири
“Сонувај за животот како за нешто прекрасно и направи од соништата реалност.”
Марија Кири е првата жена која ја заработува Нобеловата награда за истражување на радиоактивноста. Таа е и првата жена-професор на Универзитетот во Париз. Основач е на институтите “Кири” во Париз и во Варшава, кои се центри на медицински истражувања и до денес.

 

Маргарет Тачер

“Не познавам човек кој го достигнал врвот без напорна работа. Тоа е рецептот. Може и да не ве одведе до врвот, но ќе дојде доста блиску. ”
Маргарет Тачер е првата жена во Велика Британија, која ја извршувала функцијата на премиер. Уште пред да застане на власт таа го стекнала прекарот железната лејди. По образование е хемичар, но првите чекори во политиката ги прави уште како студентка. Силна жена, голем политичар и апсолутен лидер, таква ќе остане Тачер засекогаш во историјата на жените кои го промениле светот.

Коко Шанел

“Не разбирам како една жена може да излезе надвор, без да се потсреди барем малку – дури и само од љубезност. Бидејќи никогаш не се знае, можеби тоа е денот во кој таа ќе се сретне со својата судбина. И е најдобро да биде што е можно поубава за неа. ”

Кариерата на Габриѐл Бонјор “Коко” Шанл има тежок почеток. Израсната е во католички манастир, каде ја учи вештината да шие. Во годините станува сè подобра, започнува да работи во  фабрика за облека. Од фабрика, пробува да биде клупска пејачка, но потоа Коко успева да се претвори во еден од модните диктатори.

Мајка Тереза
“На срцето не може да се заповеда, но можеме да го научиме да сака!”
Нејзиното име секогаш ќе се поврзува со безгранична љубов и милосрдие. Мајка Тереза ја започна својата самостојна мисионерска активност во 1948 година. Благодарение на неа се создаваат болници, сиропиталишта низ целиот свет. Прогласена е за блажена од папата Јован Павле II во 2003 година и за светица од папата Фрањо во 2016 година.

Лејди Дајана
“Секој треба да биде ценет. Секој има потенцијал да даде нешто во замена. ”
Таа ќе остане во историјата како најомилената принцеза, далеку од вревата и во близина на болката на страдалниците. По разводот со принцот Чарлс таа работи за Црвениот крст и учествува во кампањи за отстранување на нагазните мини. Се занимава и со бројни други хуманитарни активности.

Мадона
“Јас сум силна, јас сум амбициозна, и знам точно што сакам. Ако тоа ме прави кучка, добро. ”
Мадона е еден од доказите дека жената не треба да престане да се развива. Пејачката има продадено над 300 милиони албуми, има неколку филмски улоги зад себе, таа е режисер, продуцент, текстописец, автор на книги и модна икона. Една неверојатна жена која го промени светот на музиката. Бунтовник во душата, но порцеланска кукла однадвор.

Опра Винфри
“Клучот за осознавањето на сонот е не да се фокусира на успехот, туку врз неговото значење – потоа дури и со мали чекори и мали победи на патот, тој ќе добива поголемо значење.”
Таа има кошмарно детство, бидејќи е несакано дете. Силувана, подложувана на физичко и психичко малтретирање, Опра докажува дека силата на духот може да постигне големи успеси и да се нареди меѓу највлијателните личности. Денес телевизиска водителка и сопственик на медиум и е инспирација за милиони жени во светот. Богатството ѝ се пресметува на 2,7 милијарди долари. Но, Опра не е само богата со пари, таа е докажан филантроп. Уште нешто за што го заслужува восхитот.