Три дена пред да почине поранешниот српски претседател замолил да биде преместен во руската болница во Хаг, Холандија
Поранешниот српски претседател Слободан Миловевич може да е убиен во затворот во Хаг, покажува писмо објавено од српскиот “Курир”.
На 8 март 2006 година Милошевиќ испраќа писмо до тогашниот (и актуелен) шеф на руското Министерство за надворешни работи, Сергеј Лавров, во кое пишува за “активни, малициозни активности за оштетување на неговото здравје”. Трибуналот, тврди Милошевиќ, се обидел да го отруе. Како доказ, тој покажал испитување на крв од 7 март, што покажуваат присуство на “многу силен лек кој се користи за лекување на лепра и туберколоза”, какви што тој немал, а тој одбивал да зема дури антибиотици.
“Оние кои ми даваат лек за лепра, сигурно не го прават да ме лекуваат. И оние кои демек ме подигааат од земја, имаат интерес да ме замлкнат засекогаш. Вртам кон вас и очекувам да ми помогнете и да ме заштитите од криминалните активности на институцијата која работи под покровителство на ОН и да можат да ме лекуваат во ваша болница “напишал Милошевиќ три дена пред да почине.