(ВИДЕО) Во Кина откриена мистериозна пирамида!

од desk2
79 прегледи

Мистериозно пирамида е пронајдена во Кина. Новото откритие ги зачуди научниците, поради необичната форма. Објектот се уште не е ископан целосно, но веќе наметнува доста интересни прашања.

Во Женгжу, провинција Хенан е отворен погребен археолошки објект, кој содржи два гроба во многу чудна форма. За разлика од пирамидите на фараоните, оваа е многу пониска. Гробовите кои се откриени во неа исто така се доста чудни. Најмногу збунувачки се сидовите кои се високи нешто помалку од 2 метри.

Едната од гробниците внатре исто така е во форма на пирамида. Научниците открија и уште една гробница, која пак е во форма на цилиндар. Објектот е долг 30 метри со дијаметар 8 метри.

Иако се потребни уште истражувања за да се утврди староста на гробниците, се претпоставува дека се од времето на династијата Хан од 206-220 г.пр.н е. Овој период се смета од историчарите за златниот век на Кина. Кој бил погребан внатре и каква е причината гробот да е оформен како пирамида засега не е јасно.

Специјалистите сепак уверуваат дека сето тоа е во процес на истражување. Што се однесува до местото каде што била гробницата, веќе беше објавено дека таа се наоѓа во близина на брегот на Жолтата Река. Археолошкиот локалиет бил откриен за време подготовка на теренот за изградба на нова голема зграда. Како што се ширел локалитетот така се дошло до констатација станува збор за исклучително откритие.

Градењето на објект е запрен, а патот до него е изаграден, додека се реши прашањето со гробницата. Интересот за неа веќе е огромен и илјадници се собираат таму, за да го видат чудното откритие.