(ГАЛЕРИЈА) Приказната за убавото московско метро: Што се крие зад убавината на метро станиците во Москва?

од desk2
210 прегледи

Метрото во Москва е импресивено. Пред околу една година канадскиот фотограф Дејвид Бирд доби дозвола да ги сними најубавите и импресивни метро станици на московското метро во тек на 2 недели и тоа во моменти во кои тие се апсолутно празни – нема патници.

Московските станици од метрото се едни од најубавите и аристократско обликувани. Историјата на метрото во Москва започнува во далечната 1935 година, кога тоа ги отвора вратите. Аристократскиот изглед се должи на брилијантните руски архитекти но и на самиот Сталин, колку и чудно да звучи.

Тој имал впечаток дека станиците треба ситилски да се инспирирани од руската аристократија и да изгледаат како вистински палати, спротивно на пропагандата на болшевиците за омраза кон монархизмот.

Овој став бил дел од комунистичката пропаганда, која ја исцртува иднината како “светла” (“свет” од руски) во склад со извици за изградба на светлата иднина и идеалистички живот на комунистичкото општество.

За време на Студената војна московското метро доживеа уште една трансформација. Некои делови од него биле реформирани, па да служат како засолниште од бомби во случај на нуклеарен напад.
Други тунели пак биле дополнително ископани на едно подлабоко ниво, за да го поврзуваат Кремљ со други згради од административно и политичко значење.

Денес метрото во Москва се уште е едно од најпознатите објекти на убави архитектонски знаменитости на градот. Тоа е и една од најпрометните, пишува demilked.com.

Секој ден низ неговата мрежа поминуваат повеќе од 9 милиони луѓе, а има околу 200 станици.
Видете ја убавината на метро станиците на московското метро во галеријата.