Ердоган избувна: Еј, Руте …Европа води крстоносна војна!

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека холандскиот премиер Марк Руте ја изгуби Турција како пријател, макар и да ја победил крајната десница на парламентарните избори, пренесе AFP.

“Еј, Руте! Може и да излезеш како водач на најголемата партија по изборите, но треба да знаете дека ја загубивте Турција како пријател “, изјави Ердоган за време на емитување на телевизија изјава.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган го обвини и  Европскиот суд дека е почнал “крстоносна војна” против исламот , пренесува “Франс прес”.

Критиката на Ердоган на адреса на судот е во врска со решение од претходно оваа недела, кој им дозволува на европски компании да наметнат забрана за носење на хиџаб и други религиозни симболи на работното место.

  Тоа го одлучи Европскиот суд

Судот на ЕУ, Европскиот суд, мои ценети браќа, започна крстоносна војна против (муслиманскиот) полумесечината “, нападна Ердоган за време на митингот, емитуван на телевизија.

Тој праша “каде е верската слобода”.

Ердоган не пропушти да ја нападне и Германија поради односот на властите кон Турците. Според него Берлин ги  крие терористи на ПКК.