Движењето БЕСА ги смирува Македонците и другите заедници во земјата. Нема да ја поддржиме платформата на албанските партии доколку е на штета на нашите сограѓани, се вели во нивното соопштение, цитира Телма.

„Колку што сме заинтересирани да воведеме добросостојба и реализација на правата на Албанците во Македонија, исто толку сме заинтересирани и Македонците и другите етникуми да се чувствуваат добро, спокојни и почитувани како лојални граѓани на оваа држава“, се вели во соопштението.
Движењето БЕСА е меѓу партиите кои ја потпишаа платформата на албанските партии која предизвика големо бранување во јавноста. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вчера во ТОП ТЕМА изјави дека таа се користи за заплашување на Македонците и другите етнички заедници.
Платформата , односно потребата таа да се осуди е содржана и во барањата кои ВМРО ДПМНЕ ќе му ги достави на Хан во вторник.
Целиот текст можете да го прочитате тука