Духовити и мудри до последниот здив

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Некои од големите мислители успеале, да ја задржат духовитоста и до последниот здив.  Оскар Вајлд, умирајќи во соба со ѕидови во невкусни бои, рекол: “Убиство од бои! Еден од нас ќе треба да си оди од тука”.

Зборови на руски писатели, изречени во последните часови на нивниот живот:

1. “Некои пеперутки веќе одлетаа” лауреатот на Нобелова награда Владимир Набоков.

Набоков го интересирале инсектите и бил колекционер на пеперутки. Синот на писателот, Димитриј, раскажува дека кога се простувале со татко му непосредно пред неговата смрт, очите му се наполниле со солзи: “Го прашав: зошто? А тој одговори дека некои пеперутки веќе најверојатно почнале да летаат .. . ”

2. “Ich sterbe! (Умирам ). Одамна не сум пиел шампањ!”

Писателот и лекар Антон Чехов починал од туберкулоза, во едно германскиот одморалиште. Според стара германска традиција, докторот кој му констатира  смртна дијагноза на колега, треба да наточи шампањ. Последните зборови на Чехов биле токму кон лекарот-колега.

3. “Секогаш сум мислел дека човек треба да умре навреме. Боже, каков беше Мајаковски ! Јас доцнам со умирање. Треба да се умира навреме”.

Советскиот писател Михаил Зошченко, мајстор на расказот и неверојатно популарен во 20-те и 30-те години на минатиот век, преживеал и покрај критиките и прогонството на властите, се судрил со сиромаштијата и предавството на познати литерати. Исклучен од Здружението  на писателите, Зошченко се повлекол и осамен ги поминал последните години од животот. Денес тој е нарекуван рускиот Кафка поради разбирањето на метафизиката на советскиот бит.

4. “Тоа ли си ти, глупачке?”

Михаил Салтиков-Шчедрин бил познат по сатира. Според легендата, тој ја поздравил сопствената смрт со прашањето “Тоа ли си ти, глупачке?”

 

5. “Јас те сакав и не сум ти изневерил ниту еднаш, дури ни во мислите “.

Овие зборови биле кажани од писателот Фјодор Достоевски на неговата сопруга Ана. Во текот на целиот семеен живот сопружниците биле ооделени само за неколку дена. Ана не била само сопруга , туку и помошничка на писателот: водела записи на неговите ракописи се занимавала со издавачките куќи и типографија,  дури му помагала на сопругот и да ја победи страста кон рулетот.

6. “Во овој будала нема да пукам!”

На дуел меѓу поетот Михаил Лермонтов со Николај Мартинов по одбројувањето на секунданта никој не стрелал и тој се викнал: “пукај или го прекинувам двобојот!”, при што Лермонтов мирно одговорил: “Во овој будала нема да пукам!”. Овие зборови го погодиле Мартинов и тој пукал, по што се фрлил кон паднатиот поет со зборовите: “Миша, прости ми!”. Но Лермонтов веќе бил мртов.

7. “Ја сакам вистината”

Лав Толстој решил да го прекине животот во  Јасна Полјана. Придружуван од својата ќерка и домашен лекар, тој заминал инкогнито, патувајќи во вагон од трета класа. По пат, настинал и добил воспаление на белите дробови. Кога веќе бил во полусвест извикал:  “Ја сакам вистината”. 8. “Скалила !”

Сликата со скалилата е една од главните енигми на писателот Николај Гогољ. Уште како дете од баба ја слушнал приказната дека  душите на луѓето се качуваат на небото по слалило. Оваа слика  во различни варијанти се среќава на страниците на делата на Гогољ. Според зборовите на очевидци,  последните зборови на писателот биле “Давајте ги скалилата!”.