Ајде да не ги мешаме времињата-Колку е часот ?

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Ноќеска започна летното сметање на времето така што ноќеска  во 2 часот часовникот се помести за еден час понапред и стана 3 часот.Ако не сте го направиле  тоа, тогаш помесете си го часовникот еден час нанапред. Во спиење летна еден час нанапред.

Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад кога започнува зимското сметање на времето.

Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда да енергија, а сега се применува во 70 земји.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.