„Македонско сценарио” како страшило и навреда!

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 Србите продолжуваат како и сите соседи на Македонија во стилот „Аман не ме бранете“. Вучиќ , овојпат во својата кампања ја навреди Македонија , демек ги заплаши Србите ако не гласаат со него, а од друга страна , хушкачки со констатација дека Македонија е демек под протекторат на мешање на меѓународната заедница.
Нема да дозволам македонско сценарио во Србија – беше пораката на српскиот премиер Александар Вучиќ на еден од последни митинзи во трката за претседател на државата.
Вучиќ со остра реторика и за меѓународната заедница, порача,  нема да дозволи   странски сили да се мешаат во внатрешните работи на Србија и да влијаат кој да дојде на власт.
„Не, тие остануваат на својот став – Тие сакаат да предизвикаат македонско сценарио во Србија. Ветувам дека ќе се борам против оние што сакаат македонско сценарио во Србија. Ќе се борам до последен здив, со сета сила да го зачуваме мирот и стабилноста. Тоа е мојот завет кон вас, тоа е мојот завет кон Србија.“ – изјави Вучиќ.
Скандалозно е тоа што режимот на Вучиќ секојдневно го плаши српскиот народ со „македонски и украински“ сценарија, сметаат дел од аналитичарите. Никола Јовановиќ, порпарол на тимот на српскиот претседателски кандидат Вук Јеремиќ вели дека ваквите изјави кои доаѓаат на неколку дена пред претседателските избори  се подгревање на потенцијална нестабилност.
„Единствениот извор на нестабилност и опасност за граѓаните претставвуа токму оваа власт. Воведоа вонредна состојба преку проектирање на насилство, измислени афери и државни удари, напаѓање на активисти на другите претседателски кандидати, злоупотреба на институциите и известувачките служби, како и брутална контрола на медиумите.“ – изјави Никола Јовановиќ, порпарол на тимот на српскиот претседателски кандидат Вук Јеремиќ
Тој оценува дека со постојаната закана од „македонско сценарио“, режимот се подготвува за изборна кражба, бидејќи јасно е дека Вучиќ во првиот круг не може да освои ниту блиску до 50 проценти од гласовите. Српските граѓани в недела ќе имаат можност да го заокружат своето гласачко ливче и со тоа да изберат нов претседател на земјата