Статуа на бабата на Тутанкамон е откриена во Египет

од desk2
85 прегледи

Археолозите најдоа “убаво исечена” статуа од алабастер во погребен храм на Аменхотеп Трети, која веројатно е на неговата сопруга Тиј, бабата на Тутанкамон, објави “Дејли мејл”.

Откритието е направено случајно во Ком ал-Хитан, на западниот брег на Луксор, додека археолозите покренува дел од колосот на Аменхотеп Трети. Женската статуа била до десната нога. Сите други познати статуи на Тиј се од кварцит.

Оваа е “убава, извонредна и уникатна”, рече министерот за прашањата на спомениците на културата Калед ел Анан Ез. Статуата е во многу добра состојба, со оглед на нејзината возраст, и го задржала боите, рече д-р Харид Сурузјан кој раководи ископувањата. Археолозите веќе работат на реставрацијата на статуата.