Граѓанин сам си цртал нови пешачки премини и паркинг места !?

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Германската полиција е во потрага по „автор“ на нови пешачки премини и места за паркинг што се појавуваат во градот Епертхаусен во централниот дел од државата.

– Не се работи за мал прекршок и не мислиме дека тоа е забавно, изјави портпарол на полициската управа во Дармштат.

Пешачки премини се појавија досега на две раскрсници во градот од 6.000 жители, а на неколку локации се исцртани и нови паркинг места.

Засега нема информација дали станува збор за граѓански отпор или… !?