Русија и Турција го делат Балканот

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Своето влијание Турција го насочи кон Босна и Херцеговина, Косово, Санџак, Македонија, Албанија..

Балканот е традиционален турски пазар, во конкуренција со економиите на ЕУ, пред се на Германија, Италија и Русија. Глобално гледано Турција сака да биде еден од лидерите на Балканот. Турција  се гледа себеси како значаен регионален инвеститор, пред се во инфраструктурата, градежништвото, земјоделството, трговијата и туризмот.

Своето влијание Турција го насочи кон Босна и Херцеговина, Косово, Санџак, Македонија, Албанија, но истовремено и кон Бугарија и Грција. Главната цел на оваа надворешна политика е проширување на економската дипломатија во целиот регион на Западен Балкан.

Податоците за 2016 година покажаа зголемен извоз од Србија и Босна во Турција. Во Турција Босна извезе стоки за 650 милиони конвертабилни марки , додека во 2015 година, обемот на извозот бил 500 милиони. Минатата година Србија извезе во Турција стоки за 900 милиони долари, а во 2015 година – за меѓу 700 и 800 милиони. Во исто време Турција учествува во поврзувањето на пазарите меѓу Србија и Албанија. Во последните 20 година турската Агенција за соработка и координација има  реализирано над 800 проекти во Босна, голем дел од кои се во Република Српска. Со еден збор официјална Анкара се обидува да стане клучен фактор на Балканот. Како доказ за тоа е големиот број на моќни компании во сферата на градежништвото и, особено, при изградбата на патишта.

Американско-турската компанија ” Enka-Behtel ” гради патиштата на Балканот, пред се во Албанија, Косово и по коридорите  Е-10 и Е-8. Русија ќе го поддржи економскиот влијание на Турција на Балканот главно поради стратешките енергетски интереси (гасоводите), со помош на кои Турција ќе стане нејзин стратешки партнер и така двете страни ќе можат да ги експлоатираат балканскиот, но и европскиот пазар. Всушност тоа е и јасно запишано во меѓувладиниот договор меѓу Русија и Турција. Во овој документ се нагласува дека треба пред крајот на 2019 година да биде подготвена за експлоатација морската дел на “Турски поток”. Во исто време треба да бидат направени измени во договорите за испорака на гас од Русија за Турција преку територијата на Бугарија.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган разговараа за време на средбата во Москва на 10 март  за можноста за снабдување на Анкара на противвоздушниот  систем “С-400”. Очигледно е дека Русија сака преку Турција да има поголемо влијание на Балканот. И обратно – да биде конкурент на ЕУ и на американското влијание. Поради оваа причина Русија и Турција ќе работат врз поделбата на своите интереси на Балканот.

Турците ќе го зголемат своето влијание меѓу муслиманското население, а Русите – меѓу православното.

Сегашните геополитички процеси би требало да запалат црвената светлина во ЕУ. Политичките аналитичари веќе стигнале до заклучок дека би било доста наивно ЕУ да  го гради своето влијание на Балканот само преку евроинтеграцијата или преку испраќање на мали парични износи. Крајно време е Брисел да осознае дека Балканот треба да се претворат во геополитички приоритет за ЕУ. Со оглед  на тоа што  американската администрација го губи интересот  за Балканот, Брисел не би требало премногу да чека. Ако ЕУ ја одложи, многу брзо ќе се соочи со фактот дека одделни источни Велики сили, стапнале на Балканот и создале свои зони за влијание и интереси.

———-

Томислав Крешович и Предраг а Прокоплевич, BKTVNews.