“Почесниот папа” Бенедикт XVI слави 90 години

од Vladimir Zorba
137 прегледи

“Почесниот папа” Бенедикт XVI денес слави 90-ти роденден.

“Почесниот папа” Бенедикт XVI денес слави 90-ти роденден. Го нарекува исклучителен теолог и една од најсветлите личности на современата Католичка црква, е роден на 16 април 1927 година во малиот баварски град Марктл.

Јозеф Рацингер работел во семенаријата, за време на Втората светска војна, во 1943 година Подоцна станува дел од армијата, но не учествувал во битките. Во 1945 година го остава Вермахтот и се враќа во својот дом. Поминал е неколку недели во затворски камп, а по ослободувањето се враќа во духовното училиште.

Во периодот меѓу 1946 и 1951 година студира теологија и филозофија во Минхенскиот универзитет, како и во високото училиште во Фрајзинг. На 29 јуни 1951 година е ракоположен за свештеник, а две години подоцна стана доктор по теологија. Тојг  предава учењето за догма и фундаментална теологија во Фрајзинг, Бон и Минстер. Од 1969 година е професор и заменик-претседател на Универзитетот во Регенсбург.

Рацингер зема активно учество во работата на Вториот ватикански собор (1962-1965) како советник и стекнува репутација на еден од најпрогресивните богослови чии предавања ги  преполнуваат салите. Автор е на многубројни дела, од кои едно е “Вовед во христијанството”, кој стана меѓународен бестселер.

Во март 1977 година, папата Павле VI го  именува Јозеф Рацингер за архиепископ на Минхен. Во јуни 1978 година станува кардинал, а во ноември 1981 година – префект на Конгрегацијата на доктрината на верата (поранешната Света инквизиција) и претседател на библиската комисија. Во ноември 1998 година е избран за заменик-декан на Колеџот на кардиналите, а во ноември 2002 година станува и декан. Тој е еден од најблиските соработници на папата Јован Павле II.

Германецот е 265-тиот Римски папа на Римокатоличката црква од 19-ти април 2005 година до неговото повлекување од папскиот престол на 28 февруари 2013 година Неговата смена  сеуште покренува многу прашања. Туристите кои го посетуваат Ватикан, велат дека ги  слушаат звуците на пијаното – тоа на поранешниот папа, познавач на класичната музика и пијанист – виртуоз. Се тврди дека тој одржува силни пријателски односи со својот наследник – папа Францис. / ТАСС